Top Sport

„Дебелиот“ Роналдо се чуди: Па, каков е овој американски фудбал?

Викендов американскиот спорт беше во знакот на НФЛ Супер болот, на кој Њу Ингланд петриотс стигнаа (очекувано) до нова титула,  и иако сè повеќе луѓе надвор од САД се заинтересирани за американскиот фудбал, на некои уште не им е јасно зошто е овој феномен.

Роналдо Назарио да Лима, или „дебелиот“ или „оригиналниот“ Роналдо, на својот Твитер профил ги праша американските фанови, зошто воопшто тој спорт го нарекуваат фудбал, а „нашиот“ фудбал е сокер.

„Дали некој може да ми објасни зошто овој спорт е фудбал, ако ова не е топка, и ако не се игра со нога?“, се праша Роналдо.

Роналдо делумно не е во право, бидејќи и во американскиот фудбал има шутирање и тоа понекогаш може да биде клучно во еден натпревар.

Scroll to Top