Францускиот плејмејкер, Хатем Бен Арфа си најде нов клуб откако беше отпуштен од Пари Сен-Жермен, потпишувајќи договор со Рен, откако го одби својот поранешен клуб, Ница.
31-годишниот Бен Арфа минатата сезона не одигра ниту една минута за ПСЖ откако влезе во конфликт со управата на клубот, и сега по две несреќни сезони ќе се обиде да ја врати кариерата на вистински пат на „Роажон парк“.
„Научив многу, бев многу среќен што ги поминав тие две години во ПСЖ. Денеска сум посилен човек, физички и психички свеж. Имаше многу понуди, но сакав добро да проценам. Лига Европа беше еден критериум, но и позицијата во клубот. Тука беше и Ница, но тешко е да се вратиш на својот бивш“, вели Бен Арфа.
ПСЖ ќе гостува на Рен на 21 септември, но Бен Арфа вели дека нема што да докажува.
„Нема потреба за одмазда кон Париз, бидејќи таму научив многу“, додава Бен Арфа.
Expo “Debout !” – Un nouvel artiste à Rennes ! pic.twitter.com/AADDQLs536
— Stade Rennais F.C. (@staderennais) September 2, 2018