Хатем Бен Арфа вели дека размислува дали да остане во францускиот Рен, велејќи дека не му се допаѓа стилот на игра на клубот и покрај тоа што тие направија сензација со победа над шампионите Пари Сен-Жермен во финалето на Купот на Франција.
Бен Арфа, кој постигна седум гола и 2 асистенции во Лига 1 со Рен стигна и до осминафиналето на Лига Европа, но сезоната не беше најдобра за нив и тие се на 12. место на табелата со фрапантни 42 поени заостанување зад ПСЖ. Французинот дојде во Рен како слободен агент од ПСЖ, каде што беше вклучен во судир со управата на клубот беше посебно лут по 1:1 ремито со Генгам во неделата.
„Генгам требаше да победат бидејќи покажаа поголема амбиција од нас. Во последните неколку мечеви добив подобра претстава што сакам да правам следната сезона. Нема задоволство во ваков меч. Нудиме ограничен фудбал, така што тоа е тоа. Свирежите од навивачите? По тоа што го направивме оваа сезона, можам само да им благодарам. Немавме куп 48 години, никогаш не играа ваква европска авантура и затоа им благодарам. На крајот и свирежите имаат своја улога“, вели Бен Арфа.