Top Sport

Бен Арфа за можноста да потпише за Фиорентина: Не ме возбудува, исто како и некои жени

Хатем Бен Арфа остана слободен играч во текот на летото, откако му заврши договорот со Рен, но признава дека не го привлекувала опцијата да замине во Фиорентина во Серија А.

По носењето на Франк Рибери, клубот од Фиренца, кој е под нов сопственик и големи амбиции, се обиде да го донесе и поранешниот фудбалер на Пари Сен-Жермен, но тоа не се оствари. Дека, тоа воопшто не го интересирало, тој јасно порача и преку социјалните мрежи.

„Не бев возбуден од предизвиците кои беа пред мене. Така е и со жените, ако не те возбудува, тогаш не ти е потребна“, напиша Бен Арфа.

Бидејќи е слободен играч, тој може да потпише за било кој клуб без да чека да дојде јануари.

Scroll to Top