Top Sport

СЕХА: Веспрем извлече победа во Белорусија

Петар Ненандиќ со својот трет гол на мечот им донесе на Веспрем 28:27 (16:14) победа на гости кај Мешков Брест во првиот меч од СЕХА лигата за двата тима, со што унгарскиот гигант најави дека ќе оди по круната на Вардар.

Мешков имаше два обиди за израмнување во последната минута од мечот, но Арпад Штербик двапати беше одличен на голот.

Расмус Лауге Шмит беше најефикасен за гостите со шест постигнати голови, додека нашиот Дејан Манасков и Кент Тонесен додадоа по четири гола, а за Мешков Дарко Ѓукиќ имаше осум гола, а Марко Паниќ додаде седум.

Фото: СЕХА лига

Scroll to Top