Top Sport

Бен Једер голот му го посвети на исчезнатиот Сала (Фото+Видео)

Севилја синоќа славеше против Барселона 2:0, во првиот четврт-финален меч во Купот на Кралот. Вториот гол за екипата од Андалузија го постигна Висам Бен Једер, со што обезбеди голема предност пред реваншот, што за една недела ќе се одигра во Барселона.

Повремениот француски репрезентативец го совлада Силесен во 76.минута, а голот му го посвети на Емилијано Сала.

„За мојот брат Е.Сала“, пишуваше на маичката што Бен Једер ја носеше под дресот.

Аргентинецот и пилотот на авионот со кој тој леташе од Нант во Кардиф, исчезнаа над Ламанш во понеделникот вечерта. Потрагата се уште трае.

Scroll to Top