Top Sport

Продолжи потрагата по Сала и пилотот

Потрагата по исчезнатиот авион во кој биле аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала и пилотот, продолжи во каналот Ламанш. Надлежните, утрово одржале состанок, на кој решиле потрагата да продолжи, иако никој не е оптимист дека исходот ќе биде позитивен.

Потрагата започна во понеделникот вечерта, кога авионот исчезнал од радарите, а целодневните потраги продолжија во вторникот и средата.

Шефот на воздушната спасувачка служба Џон Фицџералд, вчера изјавил дека во условите што изминатите денови владеат во Ламанш, човек не може да преживее повеќе од еден час.

Покрај фудбалерот Емилијано Сала, во авионот бил и пилотот Дејвид Иботсон.

Претставниците на спасувачките служби стојат на ставот дека постојат минимални шанси фудбалерот и пилотот да бидат пронајдени живи.

Сала патуваше од Нант за Кардиф каде требаше да им се приклучи на новите соиграчи. Кардиф за трансферот на Сала издвои 18 милиони евра, што е клупски рекорд.

Scroll to Top