Top Sport

Бен Једер за триумф на Севилја, „жолтата подморница“ тоне (Видео)

Севилја славеа над Еспањол 2:1, а Рајо Ваљекано и Виљареал одиграа 2:2, во 12.коло, во Ла Лига.

Севилја на „Санчез Писхуан“, со пресврт, успеа да го победи тимот на Еспањол. Гостите од Каталонија први постигнаа гол, кога Борха Иглесијас во 38.минута ја погоди мрежата на Севилја.

Иглесијас се запиша во клупската историја, како прв играч од 2004 година што успеал да постигне најмалку еден гол на четири натпревари во низа. Претходно тоа му успеало да клупската легенда Раул Тамудо.

Домаќините израмнија во 70.минута, кога проработе аргентинската врска, Банега му асистираше на Габриел Меркадо. Победата на Севилја им ја донесе Винсам бен Једер со голот што го постигна во 89.минута, а асистент повторно беше Банега.

Севилја има 23 бода и заедно со Атлетико Мадрид и Алавес се наоѓа на делба на втората позиција, додека Еспањол со 21 бод е на петтото место.

foto: epa

Рајо на „Ваљехас“ го пречека Виљареал и само ја продлабочи кризата во која се наоѓа „жолтата подморница“. Самјуел постигна гол за гостинско водство во 33.минута, потоа Раул Де Томас и Алваро Гарсија креираа пресврт за Рајо, а конечните 2;2 ги постави Сансон во 80.минута.

Виљареал веќе шест меча нема победа во првенството, овој тим е на 16.место со 11 бода, додека Рајо се претпоследни со само седум бода.

Scroll to Top