Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт го комплетираше ростерот за Европското првенство. Саутгејт, реши да ја искористи можноста, да пријави 26 играчи за ЕУРо 2020.
Проблем на Саутгејт му направи повредата на Трент Александер-Арнолд (ТАА). Десниот бек на Ливерпул се повреди пред пет дена, во финишот на пријателскиот натпревар со Австрија.
Местото на Александер-Арнолд ќе го пополни универзалецот на Брајтон, Бен Вајт. 23-годишниот фудбалер, може да одигра на неколку позиции, како централен дефанзивец, десен бек и како дефанзивен играч во редот за врска.
Минатата сезона, Вајт, одиграл 39 натпревари за Брајтон и два за репрезентацијата на Англија.