Top Sport

Бенасер ќе го напушти Милан

Алжирецот Исмаел Бенасер, по завршувањето на сезоната сака да го напушти Милан. Бенасер е член на Милан од 2019 година, кога клубот од „Сан Сиро“ за неговиот трансфер од Емполи, издвои 16.000.000 евра.

Бенасер има договор со Милан до 30.јуни 2024 година, според медиумите во Италија негова следна дестинација ќе биде Премиер лигата. За неговите услуги интерес покажале Арсенал, Челзи и Ливерпул.

Бенасер самиот го елиминирал Ливерпул, негова желба е да се пресели во Арсенал, додека неговиот менаџер преферира трансфер во Челси.

Наводно арсенал понудиле 55.000.000 евра за Бенасер, а понудата на Челси изнесува 48.000.000 евра.

Медиумите во Италија не ја исклучуваат можноста Алжирецот да да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.

Scroll to Top