Top Sport

Бенатија: Погба уште пред пет години сакаше да се врати во Јуве

Поранешниот дефанзивец на Рома и Јувентус, Мехди Бенатија тврди дека Пол Погба му порачал дека сака да се врати во Јувентус од Манчестер јунајтед уште во 2018 година.

Поранешниот марокански репрезентативец се приклучи на Јувентус во 2016, веднаш по 100-милионскиот трансфер на Погба во Манчестер јунајтед, и Бенатија тврди дека Французинот бргу се покајал за таа одлука.

„Жал ми е за Пол, бидејќи имаше тешка година со сите повреди, но воопшто не сум изненаден што повторно е во Јувентус. Кога игравме против Манчестер јунајтед во 2018 ми кажа дека го сака Јувентус и дека сака да се врати“, вели Бенатија за „Ла газета дел спорт“.

Бенатија посочува на мечот од ЛШ помеѓу „ѓаволите“ и „старата дама“ во 2018 година, кога на чело на Јунајтед беше Жозе Мурињо, менаџерот со кој имаше најголем конфликт во својата кариера.

Scroll to Top