Top Sport

Кјелини својот прв гол во МЛС лигата му го посвети на Давиде Астори

Џорџо Кјелини, поранешниот капитен на Јувентус и на италијанската репрезентација, го постигна својот прв гол во американската МЛС лига и му го посвети на поранешниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори.

Астори почина на само 31 година на 4 март 2018 година поради проблеми со срцето, а Кјелини на петгодишнината од неговата смрт го постигна својот прв гол за Лос Анџелес ФЦ против Портланд тимберс, по што отпоздрави со препознатливиот капетански поздрав на Астори. Кјелини и Астори играа заедно за италијанската репрезентација каде што станаа биски пријатели.

„5 години од проклетиот ден. Давиде, секогаш со нас“, напиша Кјелини на Твитер пред мечот.

Scroll to Top