Top Sport

Бенатија поради повредите ја заврши кариерата

Искусниот дефанзивец, Медхи Бенатија донесе одлука да ја заврши фудбалската кариера на 34 години. Мароканецот соопшти дека на овој чекор се одлучил поради проблем со повредите.

Раководството на турскиот суперлигаш Фатих Карагумрук соопшти дека нивниот фудбалер ја завршува кариерата иако имал договор со клубот до летото 2023 година.

„Иако има важечки договор, Бенатија ништо не бараше од клубот и се откажа од сериозни финансиски приходи. Желба ни е во светот на фудбалот да има многу повеќе играчи како него. Му благодариме и му посакуваме се најдобро во животот“ соопштуваат од клубот.

Бенатија за селекцијата на Мароко одигра 58 натпревари, а во кариерата настапуваше за Марсеј, Удинезе, Рома, Баерн Минхен и Јувентус.

Scroll to Top