Top Sport

Румениге: Најголем успех – Левандовски во Баерн, жалам што не го земав Дибала од Палермо

Карл-Хајнц Румениге – легендата на Баерн Минхен во понеделник ќе добие награда за животно дело во изборот на италијански „Tuttosport“ на церемонијата на доделување на наградата „Golden Boy“ за најголема млада фудбалска ѕвезда која ќе му припадне на Педри од Барселона.

Румениге за „Тутоспорт“ во интервју кажа за што најмногу жали во менаџерскиот дел од кариерата.

„Додека Паоло Дибала играше за Палермо, пред да отиде во Јувентус, долго време го следевме. Навистина импресивен талент, но имаше многу подеми и падови“ рече Румениге зошто не го доведе Аргентинецот на „Алијанц арена“.

Десетте години од играчката кариера, од 1974 до 1984 година Румениге ги помина во Баерн.

Се до ова лето беше дел од Баерн, на негово место дојде уште една легенда – Оливер Кан.

Вели дека од поранешните фудбалери сличен како неговиот пат има Едвин ван дер Сар, поранешниот голман кој сега е извршен директор на Ајакс.

За свое најголемо достигнување Румениге го смета освојувањето на ЛШ со Баерн во 2020 година и тоа во пандемиски услови, на завршниот турнир во Лисабон.

Најголем трансфер му е оној на Роберт Левандовски, и тоа без отштета.

„Тој е гаранција, исто како и Нојер на голот. Тие двајца се најзаслужните за повеќето од успесите на Баерн. Роберт е како Кристијано Роналдо, манијакално се грижи за телото“ вели Германецот.

Scroll to Top