Околу фудбалската кариера на данскиот напаѓач Никлас Бендтнер може да се напишат неколку холивудски филмови од најразлични жанрови, така што не изненадува неговото последно признание дека го нарекол поранешниот прв човек на Арсенал, Арсен Венгер, „др.ач“ и „шу.ак“ во обид да го натера да го продаде.
Во интервју за магазинот „Фор фор ту“, 32-годишниот Данец признава дека имал огромна расправија со менаџерот кој му го даде професионалното деби и му беше шеф 10 години во северен Лондон. Инцидентот се случил летото 2013, кога тој сакал да потпише со друг лондонски клуб.
„Се почитувавме и имавме многу добри состаноци, секогаш искрени. Но, тогаш сакав да си заминам од Арсенал и Кристал палас ми дадоа одлична понуда. Договорот пропадна бидејќи Арсенал не најдоа замена. Венгер ми се јави и ми кажа: ‘Извини, не можеш да одиш’. Тоа беше како да ме удрил некој и го нареков ‘др.ач и шу.ак за да мора да ме продаде. Не ми успеа“, открива Бендтнер.
Тој си замина од Арсенал следното лето кога му заврши договорот и потпиша за Волфсбург.