Top Sport

Бендтнер ќе мора да „одлежи“ 50 дена затвор за нападот на таксистот!

Готово е! Лордот Никлас Бендтнер ќе мора да помине 50 дена во дански затвор, откако се откажа од жалбата за неговата обвинителна пресуда за нападот на таксист во Копенхаген, иако не е јасно кога фудбалерот на Розенборг ќе ја отслужи казната.

Поранешниот дански репрезентативец и ексфудбалер на Арсенал, заедно со неговата девојка си заминал од таксито без да плати (околу 6 евра), а откако таксистот фрлил објект кон него, Бендтнер му јаскршил вилицата. Тој тврдеше дека реагирал во самоодбрана.

„Тоа беше самоодбрана. Бев изненаден и го удрив во главата. Мислев ќе ме повреди, а кога се приближи до мене двајцата ги кренавме рацете и јас прв го удрив“, кажа на судењето Бендтнер.

30-годишниот Бендтнер помина девет години во Арсенал и постигна 47 гола во 171 меч, по што играше и во Бирмингем сити, Сандерленд, Јувентус, Волфсбург, Нотингем форест и на крајот во Розенборг. Тој остана култен лик за фановите на Арсенал и за англиските фудбалски фанови кои го нарекуваат „Лорд Бендтнер“, откако претходно беше во врска со една баронеса од Данска.

Бендтнер навистина е „лорд“ (видео)

Scroll to Top