Никлас Бендтнер долго време служи на потсмев на фудбалските навивачи, поради неговиот драматичен пад во кариерата, но и поради неговиот стил, но овојпат голем дел од фановите сигурно ќе му позавидат.
Данскиот напаѓач, кој оваа сезона игра во норвешкиот Розенборг (со кој дојде и во Скопје на дуел со Вардар), се наоѓа на Малдивите на одмор со девојката, данската манекенка Настасја Мадсен, по што се пофали на социјалните мрежи.
Бендтнер, кој од фановите доби прекар „лорд“, е поранешен играч на Арсенал, Јувентус и Копенхаген.