Top Sport

Бендтнер замина во пензија и најави тренерска кариера

Поранешниот репрезентативец на Данска, Никлас Бендтнер, замина во пензија. Последен клуб во неговата кариера беше Копенхаген откаде си замина во јануари 2020 година.

„Знам дека оваа работа има крај. Мислам дека ќе треба да мине многу време за да ми стане јасно дека навистина е готово“, изјавил Бендтнер и најавил дека ќе почне да учи за тренер.

Данецот, на 16 годишна возраст, стана член на фудбалската акедемија на Арсенал. За првиот тим на Арсенал дебитирал во 2005 година. Со клубот од Лондон, во 2014 година, го освоил ФА купот. Во кариерата за Арсенал одиграл 171 натпревар, постигнал 47 голови.

Како позајмен играч од Арсенал настапувал за Бирмингем, Санделенд и Јувентус.

Во кариерата играл и за Волфсбург, Нотингем форест, Розенборг и Копенхаген. Во националниот тим одиграл 81 натпревар, постигнал 30 голови.

Scroll to Top