Луис Суарез одигра одлична сезона но не успеа да и помогне на Сарагоса да се врати во Ла Лига. Колумбиецот сезоната ја заврши со 19 гола и шест асистенции.
Одличаната форма која ја имаше во Сарагоса ја забележаа неколку клубови, но според „Марка“ за потписот на Луис Суарез ќе се борат големите ривали од Лисабон, Спортинг И Бенфика.
Инаку, Луис Суарез е играч на Вотфорд, кој минатата сезона ѝ беше позајмен на Сарагоса.
Вотфорд во новата сезона ќе играат во Чемпионшип дивизијата, поради тоа сакаат да го продадат напаѓачот.
Цената која ја одреди клубот за напаѓачот е 15.000.000 евра.