Диего Коста кариерата би можел да ја продолжи во Бенфика. Бразилецот со шпански пасош е без клуб, откако кон крајот на декември го раскина договорот со Атлетико Мадрид.
Диего Коста и Атлетико спогодбено се разделија, напаѓачот се поврзуваше со неколку клубови во Европа и Јужна Америка, но се уште е без клуб.
Португалските медиуми објавија дека Бенфика, на 33-годишниот Диего Коста, му понудиле три милиони евра само за потпис на договорот и плата од 3,1 милиони евра. Овие извори не ја наведуваат должината на договорот.
Трансферот на Диего Коста, според Португалците значи дека Бенфика по само една сезона ќе го продаде Давид Нуњез. Бенфика за Уругваецот, минатото лето на Алмерија и плати 25 милиони евра.
Во својата деби сезона, Давид Нуњез, досега постигнал 12 голла и забележал девет асистенции.
Интерес за овој 22-годишен напаѓач покажале неколку екипи од Шпанија.