Бенфика не планира да го продаде Енцо Фернандез на Челси доколку премиерлигашот не е подготвен да ја плати неговата откупна клаузула од 110 милиони евра одеднаш, тврди португалскиот весник „Рекорд“.
Аргентинецот, кој беше прогласен за најдобар млад фудбалер на Мундијалот во Катар, подолго време време е „мета“ на Челси, кои наводно понудиле понуда од околу 100 милиони фунти, но на три рати, во очајна потрага за засилување на средниот ре.
Според „Рекорд“, Фернандез сака да се пресели во Премиерлигата во јануари, така што останува само да се види дали новите американски газди на „сините“ ќе бидат подготвени да ги покажат парите.