Во Бенфика се сигурни дека најновата млада ѕвезда од нивниот погон, Жоао Феликс ќе остане во Португалија и следната сезона и покрај интересот на најголемите европски клубови.
19-годишниот Жоао Феликс импресионираше со настапите за Бенфика, посебно во Лигата на шампионите, и шпекулациите го поврзуваа со трансфери во Атлетико Мадрид, Јувентус, Манчестер сити и Манчестер јунајтед. Директорот на клубот, Тијаго Пинто вели дека нема да има трансфер.
„Веруваме дека најдоброто за него, но и за нашиот клуб е тој да остане. Ние сакаме да продолжиме да го развиваме нговиот квалитет и ќе направиме сè тоа се оствари. Мораме да бидеме реални, знаеме дека се работи за генијален фудбалер кој може да стане еден од најдобрите на светот, но мислиме дека нема да има трансфер, за наше и за негово добро“, вели Пинто.