Top Sport

Евро 2020: Финците со студен туш за БиХ, Русија без милост за Сан Марино (видео)

Шансите на Босна и Херцеговина за пласман на Европското првенство во 2020 година добија тежок удар по 2:0 поразот на гости кај Финска, додека Русија без милост им даде 9 гола на аутсајдерите од Сан Марино.

Напаѓачот на новиот премиерлигаш Норич, Тему Пуки постигна два гола за 12 минути во второто полувреме за  победа од 2:0 со која Финците се израмнија со Италија на 6 поени во групата Ј, пред дуелот на „аѕурите“ со Грција вечерва.

Русија пак, не покажа милост кон аматерите од Сан Марино, постигнувајќи 9 гола против традиционално најслабата европска репрезентација (пред влегувањето на Гибралтар во УЕФА). Артем Ѕјуба постигна четири гола, а „зборнаја“ можеше да стигне и до двоцифрена бројка голови, откако Ѕјуба утна еден удар од белата точка.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Ц

Естонија – Северна Ирска 1:2

Табела: 1.С.Ирска 9, 2.Германија 3, 3.Холандија 3, 4.Естонија 0, 5.Белорусија 0

ГРУПА Е

Азербејџан – Унгарија 1:3

Табела: 1.Унгарија 6, 2.Хрватска 6, 3.Велс 3, 4.Словачка 3, 5.Азербејџан 0

ГРУПА Х

Молдавија – Андора 1:0

Табела: 1.Франција 6, 2.Турција 6, 3.Исланд 6, 4.Албанија 3, 5.Молдавија 3, 6.Андора 0

ГРУПА И

Русија – Сан Марино 9:0

Табела: 1.Белгија 6, 2.Русија 6, 3.Кипар 3, 4.Казахстан 3, 5.Шкотска 3, 6.Сан Марино 0

ГРУПА Ј

Ерменија – Лихтенштајн 3:0

Финска – Босна и Херцеговина 2:0

Табела: 1.Италија 6, 2.Финска 6, 3.БиХ 4, 4.Грција 4, 5.Ерменија 3, 6.Лихтенштајн 0

Scroll to Top