Top Sport

Бенитез: Ќе биде чудо ако избориме опстанок

Тренерот на фудбалерите на Њукасл, Рафа Бенитез, рекол дека на неговиот тим ќе му биде тешко да избори опстанок во лигата оваа сезона. Њукасл по 18 одиграни натпревари се наоѓаат на 15.место на табелата во Премиер лигата.

Њукасл на половина од сезоната се наоѓа надвор од опасната зона, но Бенитез знае дека допрва доаѓаат вистинските предизвици за неговиот тим.

„Мораме да бидеме реални и да разбереме дека ќе бидеме во долниот дел од табелата. Доколку мене ме прашате ќе речам дека доколку опстанеме во лигата тоа ќе биде вистинско чудо. И минатата сезона се случи чудо, завршивме на десеттото место. Оваа сезона останатите тимови потрошија повеќе пари од претходната, поради тоа за нас работите станаа потешки“, рекол Бенитез и дополнил.

„Доколку работиме напорно можеме да завршиме околу десеттото место. Мислам дека тоа е нашиот максимум. На сите се обидувам да им го објаснам тоа, мора да разберат кои се нашите можности. Доколку мислиме дека мора да ги победуваме тимовите кои летово потрошија по 100 милиони фунти, тогаш сме во заблуда. Доколку мислиме дека мораме да победиме во секој натпревар тогаш сме 100 отсто во заблуда“.

Голем тест фудбалерите на Њукасл ќе имаат попладнево кога ќе гостуваат кај лидерот Ливерпул.

Scroll to Top