Top Sport

Заха добил „непристојна понуда“ од Кина

Фудбалерот на Кристал Палас, Вилфрид Заха, добил „непристојна понуда“ од Кина. Доколку ја прифати тој ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот.

Екопата на Далиан Јифанг, чии тренер е Германецот Бернд Шустер, на Заха му нуди 50 милиони евра за четири години. Доколку Заха ја прифати понудата, клубот ќе ја има обврската да го плати данокот на споменатите 50 милиони евра.

Со договорот Заха би добил и три милиони евра преку разни бонуси, но и платени авионски билети за Англија кога и да посака.

Официјалната понуда Дилиан Јифанг до Кристал Палас ќе ја испрати кога ќе биде отворен зимскиот преоден рок. Заха во Кристал Палас има неделна плата од 145.000 фунти, а договорот му истекува во 2023 година.

Инаку, во екипата на Дилиан Јифанг играат неколку интернационалци, а најпознати се Јаник Караско и Нико Гаитан.

Scroll to Top