Top Sport

Бенитез: Мојот Ливерпул за разлика од тој на Клоп немаше фудбалери од 40 милиони за на клупа

Рафаел Бенитез вели дека не може да има споредби со неговиот тим на Ливерпул со тој на Јирген Клоп поради огромните средства кои последните години ги потрошија американските газди на „црвените“.

Бенитез, кој помина шест години во Ливерпул од 2004 до 2010, во интервју за шпанскиот „АС“ тврди дека неговиот буџет за трансфери бил само 20 милиони фунти, додек Клоп може да троши 40 милиони фунти на фудбалери кои седат на клупа.

„Луѓето се сеќаваат на мојот тим, но го споредуваат со Ливерпул кој потроши навистина добро, со играчи од 40 милиони фунти за клупата. Затоа не можат да се споредуваат. Јас имав буџет од 20 милиони фунти. Сега со тие пари не можат да купат ништо“, вели Бенитез.

Помеѓу фудбалерите кои не се постојани првотимци се Ибрахима Конате (36 милиони фунти), Наби Кеита (52 милиони фунти) и Алекс Окслејд-Чембрлен (35 милиони фунти).

Scroll to Top