Евертон успеа да остане непоразен на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед. По ремито 1:1, менаџерот на Евертон, Рафа Бенитез, рекол дека освоениот бод е со горчлив вкус.
Бенитез алудира на поништениот гол. Јери Мина постигна гол за 1:2 во 84.минута, кој потоа беше поништен поради минимален офсајд.
„Игравме против добар тим. Не е лесно да се дојде до позитивен резултат на овој стадион. Примивме гол во првиот дел, но одлично одговоривме во второто полувреме. Горчлив е вкусот поради поништениот гол во финишот, бидејќи можевме да победиме. Сепак задоволен сум од бодот и од нашата игра“, рекол Бенитез.