Top Sport

Бенитез не го дава Хамес, но бара да го крене нивото

Новиот менаџер на Евертон, Рафа Бенитез не е подготвен да го продаде Хамес Родригез, но јасно порача дека тој мора да ја крене и физичката подготвеност ова лето за да го оствари својот талент.

Шпекулациите велеа дека Колумбиецот сака трансфер по заминувањето на Карло Анчелоти во Реал Мадрид, но Бенитез засега планира на 30-годишниот ветеран, кој не играше за Колумбија на Копа Америка поради недоволната подготвеност.

„Никогаш не е лесно на почетокот на подготовките. Се гледа дека Хамес има квалитет со играта со топка, но на физичко ниво не е тоа што го очекувавме. Ќе видиме, ќе продолжиме со тренинзите и многу работи зависат од него, дали сака да направи разлика. Во моментов никој не може да го оспори квалитетот на Хамес“, вели Бенитез.

Хамес имаше 6 гола и 8 асистенции во својата прва сезона во Евертон со само 26 настапи, а има договор до следното лето.

Scroll to Top