Top Sport

Алегри му порача на Роналдо: Сега, очекувам многу повеќе од тебе

Старо-новиот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри порача дека Кристијано Роналдо мора да даде блескав пример на младите фудбалери во тимот, додавајќи дека очекува многу повеќе од португалската мегаѕвезда.

Роналдо во понеделникот се врати во Торино по неколку месеци шпекулации за неговата иднина во клубот, и сега има уште 12 месеци од својот договор. Павел Недвед, потпретседателот на клубот, инсистираше дека тој ќе остане, но Алегри предупреди дека ќе мора да биде многу подобар кога ќе стартува новата сезона.

„Роналдо е голем играч и умно момче. Зборував со него вчера, како и со остатокот од тимот. Му порачав дека пред нас е важна сезона и дека сум среќен што повторно се среќавам со него, но сега има поголема одговорност. Пред три години имавме поискусен тим, сега имаме млади играчи. Очекувам многу од него во смилса на одговорност, а сигурен сум дека е фит и во добра форма“, вели Алегри.

Роналдо беше клучен во последната сезона од првиот договор на Алегри, постигнувајќи 21 голови во 31 меч за да ја освојат титулата. Тој го повтори тоа и во 2019/20 под Маурицио Сари, но минатата сезона ја загубија титулата од Интер и покрај тоа што Роналдо даде 36 гола во 44 настапи за „бјанконерите“.

Scroll to Top