Top Sport

Бенитез се сели во Русија, во Спартак Москва?

Легендарниот шпански фудбалски тренер, Рафаел Бенитез се наоѓа пред нов предизвик, во руската Премиер лига.

На актуелниот тренер на Спартак Москва, Доменик Тедеско му се „ниша“ клупата, па руските медиуми пишуваат дека негов наследник ќе биде токму Бенитез.

Покрај Шпанецот, на листата на желби на московскиот клуб е и Леонардо Жардим, како и Роберто де Зерби.

Најголемите успеси во кариерата Бенитез ги имаше со Ливерпул, со „црвените“ во 2005 ја освои Лигата на шампиони.

Беше и на клупата на Интер, Челси, Наполи, Реал Мадрид, Њукасл, а од 2019-та е во кинески Далијан.

Scroll to Top