Top Sport

Банка „му стопила“ 1.6 милиони евра на руски хокеар

Репрезентативецот на Русија во хокеј, Александер Радулов се нашол на мета на банка која наводно „му собрала“ 1.5 милијарди руски рубљи (1.6 милиони евра).

Неговиот адвокат, Сергеј Ташков објаснил дека банката му ги „украла“ парите на хокеарот при исплата.

„Саша во текот на карантинот поради пандемијата на коронавирусот дојде во Русија и тогаш воочивме дека недостасуваат пари. Дојдовме до заклучок дека се работи за банкарска измама. Се обидовме да стапиме во контакт со луѓето од банката за да го решиме проблемот без судење, но тие не избегнуваа“ вели адвокатот.

Тој смета дека Радулов е првиот спортист кој излегува во јавност со вакво тврдење, но Ташков смета дека ќе се појават и други измамени.

Scroll to Top