Шпанскиот тренер Рафаел Бенитез денеска изјави дека менаџерите на англиските клубови мора да се плашат од напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез.
Уругвајскиот напаѓач во последните месеци, често беше критикуван од страна на медиумите, поради големиот број на промашени зицери.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп отсекогаш го бранеше напаѓачот, кој блесна во саботата против Њукасл.
„Нуњез е многу вреден играч, тој многу трча и секогаш ги прави вистинските работи. Постигнаубав гол, Јирген Клоп мора да биде среќен. Кога противничките менаџери ги анализираат игрите на Ливерпул, тие мора да бидат загрижени. Нуњез е силен и брз и може да влезе позади одбраната и потоа може и да погоди“, изјави Бенитез, кој е стручен консултант за „Скај Спорт“.
Нуњез (23) минатата година пристигна во Ливерпул од Бенфика, а за англискиот клуб одигра 28 натпревари и постигна 11 голови.