Top Sport

Бенковиќ: Ќе го дадам срцето за Лестер сити

Лестер сити го комплетираше трансферот со 21-годишниот хрватски дефанзивец, Филип Бенковиќ и 21-годишниот талент потпиша петгодишен договор со „лисиците“.

Високиот централен бек, кој е дел од школата на Динамо Загреб, вели дека го чека предизвик да игра за голем клуб како поранешниот англиски шампион.

„Фантастично е да се дојде во голем клуб и да се носи овој дрес. Ќе го дадам срцето за клубот, за фановите за сите кои ми дадоа шанса. Верувам дека оваа година имаме добри услови за добра сезона ,бидејќи Лестер има големи амбиции“, вели Бенковиќ.

Scroll to Top