Top Sport

Ред бул не се заинтересирани за „хаотичниот“ Алонсо

Фернандо Алонсо нема да биде возачот кој ќе го замени Даниел Рикардо во Ред бул, вели шефот на тимот Кристијан Хорнер, бидејќи шпанскиот ас „прави хаос каде што оди“.

Шокантната одлука на Рикардо да си замине од Ред бул за договор со Рено, остави едно многу атрактивно слободно место во тимот за 2019 година, и најверојатни кандидати за ова место се возачите на академијата на Ред бул, Карлос Саинс Јуниор и Пјер Гасли.

Алонсо, откако и четврта сезона со Мекларен нема никаков успех се појави како интересен избор за Ред бул, но тешко е да се верува дека двократниот шампион пак би сакал да има партнерство со Хонда, а Хорнер вели дека не посакуваат таков возач во тимот.

„Имам огромен респект кон Фернандо. Тој е голем, фантастичен возач, но многу е тешко да дојде кај нас. Тој има навика да предизвикува хаос каде и да оди. Не сум сигурен дека за нас би било најздраво тој да дојде во Ред бул. Ние повеќе преферираме да инвестираме во млади талентирани возачи отколку да носиме возач кој е блиску до крајот на кариерата. Ќе ја разгледаме ситуацијата, а знаеме дека има многу заинтересирани“, вели Хорнер.

Scroll to Top