Top Sport

Бендтнер: Му реков на Венгер дека е шу.ак и др.аџија!

Данскиот фудбалски интернационалец, Никлас Бендтнер во својата нова книга открвива со кои погрдни зборови го нарекувал менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер кога пред неколку години дознал дека Французинот го стопирал неговиот тогашен трансфер од кај „топчиите“ во Кристал Палас.

Екс-напаѓачот на лондонскиот клуб во 2013 година беше во лоша форма и испадна од почетниот состав на „топчиите“.

Преговорите на Арсенал со градскиот ривал Палас беа блиску до реализација, но, според она што го пишува Бентнер, на последниот ден од преодниот рок дознал дека останува на „Емирати“. Потоа Данецот му се дерел на Венгер и го навредувал, пишува во книгата „Двете страни“.

Угледниот „Мирор“ денеска објави фрагмент од книгата на Бентнер во кој ја опишува токму таа случка.

„Отчука 20 часот и ми заѕвони телефонот. Беше тоа Венгер кој веднаш премина на работата. „Не се работи за твојот трансфер“ рече. „Не успеавме да го купиме напаѓачот кој го сакавме, па ти ќе бидеш замена. Таква ќе биде работата следната година“. Му спуштив, погледнав во Том (Том Брокс, менаџерот на Бентнер) кој ги поткрена рамената. Потоа му се јавив и му кажав многу грди работи, како на пример шу.ак и др.аџија!“ – пишува данскиот фудбалер.

Сепак, тој наведува дека подоцна му се извинил на тренерот.

„Не можев да спијам, па веќе следниот ден отидов во неговата канцеларија. Му се извинив. Навистина не бев непријател на Венгер. Него и Мортен Олсен (екс-селекторот на Данска) се двете личности кои најмалку сакав да ги разочарам“ пишува Бентнер во книгата.

Тој сепак, по една година го напушти Арсенал и потпиша за бундеслигашот Волфсбург.

Scroll to Top