Top Sport

Липи: Алегри е најдобриот избор за Јунајтед

Марчело Липи тврди дека Масимилијано Алегри би бил најдобриот избор за Манчестер Јунајтед иако екс-тренерот на Јувентус и Милан се чини е многу блиску до преземање на кормилото на Баерн Минхен по заминувањето на Нико Ковач.

Липи, исто како и неговиот колега, Фабио Капело смета дека Алегри треба да почека на развој на ситуацијата на „Олд Трафорд“.

„Алегри секаде би бил добар, а како голем љубител на англискиот фудбал, би ми било многу драго да оди таму. Јунајтед е еден од најголемите клубови иако сега поминуваат тешки денови. И за играчите и за сите луѓе од струката им е поим еден ден да станат дел од тој клуб“ – вели Липи.

Тој има пофални зборови за актуелниот кормилар на „црвените ѓаволи“.

„Солскјер беше одличен напаѓач и добар тренер е. Што се однесува до Алегри, тој е пример за професионалец на кој стилот на Јувентус му е во крвта. Моето пријателство со Алекс Фергусон ми дозволува да кажам дека Алегри би бил најдобриот избор. Тој знае англиски и би му одговарал островскиот стил на игра. Сака предизвици и затоа многу го почитувам. Сериозен е, подготвен, но скромен. Верувајте ми дека е подготвен за Јунајтед“ заклучи Липи.

Scroll to Top