Марио Балотели официјално беше презентиран како засилување за италијанскиот второлигаш Монца, потпишувајќи за клубот во сопственост на поранешниот газда на Милан и експремиер на Италија, Силвио Берлускони до јуни 2021.
Балотели беше без клуб по разделбата со Бреша минатата сезона, и сега се враќа да соработува со Берлускони и неговиот прв заменик Адријано Галијани, со главна цел влез во Серија А следната сезона.
„Марио Балотели ќе ја засили Монца до 30 јуни 2021. По настапите во Манчестер сити, Силвио Берлускони и Адријано Галијани го вратија во Италиај во јануари 2013 и тој помогна Милан да стигне до Лигата на шампионите со 12 гола во Серија А. По една и пол година со ‘росонерите’, тој имаше искуство со Ливерпул. Во јануари 2016 се врати во Милан, каде што работеше со тренерот Кристијан Броки, а во Монца ќе се обедини со уште еден поранешен соиграч, Кевин-Принс Боатенг. Балотели е еден од само седум фудбалери кои од 1 јануари 2000 постигнал најмалку 20 гола во три од петте најсилни европски лиги. Добредојде Марио“, напишаа од клубот.
Benvenuto Mario!⚪️?? https://t.co/2nmDzUzDV1 pic.twitter.com/a3F3SCoTiB
— AC Monza (@ACMonza) December 7, 2020