Top Sport

Бензема е доктор на Ливерпул

Карим Бензема знае како да игра против Ливерпул. Тоа го покажа на првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, во кој Реал ги совлада „црвените“ на „Енфилд“ со 5:2.

Французинот постигна два гола со што дојде до бројката од шест гола против англискиот гигант во Лигата на шампионите.

Тој го држи рекордот, бидејќи ниту еден играч пред него не успеал толку пати да ја затресе мрежата на Ливерпул во европските натпреварувања.

На „Енфилд“ постигна и четири од шест гола, па покажа колку е непријатен за Ливерпул и во тој сегмент.

Реваншот меѓу Реал и Ливерпул е закажан за 15 март.

Scroll to Top