Top Sport

Бензема фаворит за „Златната топка“, Лео Меси не е номиниран првпат од 2005 година!

„Франс фудбал“ ја објави скратената листа на 30 фудбалери кои се кандидирани за најпрестижната индивидуална фудбалска награда, „Златната топка“, со еден јасен фаворит, Карим Бензема, но и со едно големо изненадување, без седумкратниот освојувач на наградата, Лионел Меси.

Бензема, според многу прогнозери, е речиси сигурен освојувач на оваа награда, по блескавата сезона во дресот на Реал Мадрид, посебно по неговите достигнувања во Лигата на шампионите, и малкумина би се обложиле дека нема да ја добие наградата на 17 ноември.

Од друга страна, Меси, кој минатата година контроверзно ја освои наградата пред Роберт Левандовски, имаше потпросечна (за негови стандарди) сезона со Пари Сен-Жермен, за да загуби номинација, исто како и неговиот соиграч Нејмар, иако францускиот весник, сепак, го номинираше Килијан Мбапе. На листата на „Франс фудбал“, од друга страна има место за Кристијано Роналдо, кој беше најдобар фудбалер на Манчестер јунајтед во катастрофалната сезона за англискиот клуб.

НОМИНИРАНИ ЗА ЗЛАТНА ТОПКА
Тибо Куртоа (Реал Мадрид)
Рафаел Леао (Милан)
Кристофер Нкунку (РБ Лајпциг)
Мохамед Салах (Ливерпул)
Џошуа Кимих (Баерн Минхен)
Трент Александер-Арнолд (Ливерпул)
Винисиус Жуниор (Реал Мадрид)
Бернардо Силва (Манчестер сити)
Луис Дијаз (Ливерпул)
Роберт Левандовски (Барселона)
Ријад Марез (Манчестер сити)
Касемиро (Реал Мадрид)
Хеунг-Мин Сон (Тотенхем)
Фабињо (Ливерпул)
Карим Бензема (Реал Мадрид)
Себастиен Але (Борусија Дортмунд)
Кристијано Роналдо (Манчестер јунајтед)
Антонио Ридигер (Реал Мадрид)
Кевин де Брујне (Манчестер сити)
Лука Модриќ (Реал Мадрид)
Мајк Мањан (Милан)
Хери Кејн (Тотенхем)
Дарвин Нуњез (Ливерпул)
Фил Фоден (Манчестер сити)
Садио Мане (Баерн Минхен)
Ерлинг Халанд (Манчестер сити)
Душан Влаховиќ (Јувентус)
Жоао Кансело (Манчестер сити)
Килијан Мбапе (ПСЖ)
Виргил ван Дајк (Ливерпул)

Scroll to Top