Едно од најголемите изненадувања и разочарувања на ЕУРО 2020 беше елиминацијата на Франција, актуелниот светски шампион и прв фаворит за трофејот, но повратникот кај „петлите“, Карим Бензема вели дека поддршката која ја добиле од фановите значи дека мора да вратат посилно на Мундијалот во Катар следната година.
Бензема по повеќе од пет години „егзил“ од репрезентацијата, беше повикан пред Европското првенство, и по спориот старт, одговори со три гола, меѓутоа Франција беше елиминирана во осминафиналето од Швајцарија по изведувањето на пенали.
„Прекрасно е да се гледаат сликите од ЕУРО и посакував да се вратиме на врвот. Благодарност за сите кои веруваа во нас, и верувајте ќе се вратиме уште посилни. Благодарност и до целиот тим, тренерите и цела Франција на топлото добредојде по моето враќање во репрезентацијата“, вели фудбалерот на Реал Мадрид.
Ému de voir ces images, j’aurai aimé voir notre équipe de France au sommet, merci de toujours croire en nous. On reviendra plus fort ??❤️
Je tiens également à remercier toute l’équipe, le staff et toute la France d’avoir accueilli mon retour avec autant de bienveillance ?? pic.twitter.com/XiA6SDUAHE
— Karim Benzema (@Benzema) July 4, 2021