Top Sport

Бензема: Француските медиуми пишуваат лаги

Две недели водечките европски спортски медиуми, повикувајќи се на колегите од Франција, се занимаваат со иднината на Карим Бензема. Според нив, поранешниот француски репрезентативец не е задоволен во Ал Итихад и сака да се врати во Европа.

Наводно за неговите услуги се заинтересирани Челзи, Арсенал, Лион и од вчера Манчестер јунајтед.

Бензема, кој има астрономски договор со Ал Итихад, синоќа реши да им одговори на медиумите.

„Чиста лага! Француските медиуми веќе не знаат што да измислат. Колку е поголема лагата, толку подобро“, одговори Бензема на прашањето дали ќе го напушти Ал Итихад.

Францускиот напаѓач минатата година по 14 сезони го напушти Реал Мадрид и се пресели во Ал Итихад.

Scroll to Top