Top Sport

Бензема и Асенсио ги „кренаа“ Реал (видео)

Реал Мадрид го продолжува „ловот“ на Барселона на првото место во Ла лига, откако со три гола во второто полувреме со 3:0 ја совлада Валенсија во последниот меч од 29. коло во Шпанија.

Мечот не започна ветувачки за Реал, откако Валенсија постигна гол во 24. минута преку Родриго, меѓутоа, тој беше поништен поради офсајд. Карим Бензема во 61. минута, конечно, го најде патот до мрежата на Силесен, по убавата акција со Еден Азар.

Марко Асенсио се врати од повредата и влезе во игра во 74. минута, за само 40 секунди подоцна да го удвои водството на „кралевите“. Асенсио подоцна му беше асистент на вториот гол на Бензема во 86. минута за потврда на победата.

„Кралевите“ остануваат втори со 62 поени, два помалку од Барселона на девет кола пред крајот на сезоната. Валенсија е само осма со 43 поени, сега веќе шест зад Атлетико Мадрид на последното место кое води во Лигата на шампионите.

Scroll to Top