Top Sport

Бензема и Роналдо се исти!

Карим Бензема е еднаков со Кристијано Роналдо. Ова е статистика во која нема да поверуваат ниту најстраствените навивачи на Реал Мадрид, но сепак, е вистинита, посебно откако францускиот напаѓач оваа сезона го пополнува испразнетото место кај „кралевите“.

Бензема, кој сега има голови во последните три натпревари во моментов има 17 голови, ист број колку што ЦР7 досега постигна за тимот на Јувентус. Ако се погледне минатата сезона, тоа е огромен прогрес за Французинот, кој лани до овој момент во сезоната имаше шест гола, додека Роналдо имаше дури 20.

Сите 17 голови на Бензема оваа сезона дојдоа од внатре во шестнаесетникот, а успехот е забележителен за некој кој беше под критики дека никогаш не знае да финишира. Со двата гола против Корнелја и двата против Џирона, Бензема стана шести најдобар стрелец во историјата на Реал со 209 гола поминувајќи го Хуго Санчез. Само Лионел Меси, кој има 27 гола, има повеќе голови од Бензема во Шпанија, откако Висам Бен Једер, Луис Суарез и Антоан Гризман имаат по 16 гола.

Scroll to Top