Top Sport

Торо росо ќе „презема“ казни за моторите за да помогне на Ред бул!

Шефот на тимот на Торо росо, Франц Тост признава дека тие се подготвени да прифаќаат казни во новата сезона за проблемите со моторите на Хонда, само за да помогнат на матичниот тим на Ред бул.

Лани, возачите на малиот италијански тим, Пјер Гасли и Брендан Хартли повеќе пати добија казни на стартот за Хонда да може да работи на развојот на својот мотор, а сега во 2019 година, Ред бул ќе почне да работи со јапонскиот производител откако ја прекина долгогодишната соработка со Рено. Тост вели дека Б-тимот на Ред бул е тука да се „жртвува“.

„Ако тоа помогне во стратегијата на Ред бул да победуваат на трки и да се борат за титулата, секако дека ќе помогнеме. Не треба воопшто да се зборува за тоа, бидејќи таква е филозофијата на работа. Зошто не би бил задоволен, ако така и ние имаме подобри перформанси?“, вели Тост.

Торо росо во 2019 ќе користи голем дел од компонентите на болидот на Ред бул, вклучувајќи го менувачот и задниот дел од болидот.

 

Scroll to Top