Top Sport

Бензема: Имав проблеми со Мурињо

Главниот кандидат за Златна топка за оваа година Карим Бензема се потсети на своите почетоци во Реал Мадрид. Открил дека извесно време не се согласувал со Жозе Мурињо.

„Мојата прва сезона, првите шест месеци во Реал Мадрид беа многу тешки за мене. Не зборував шпански, па сè ми беше комплицирано. Дојдов во еден поинаков свет, каде што се играше поинаков фудбал отколку во Франција. За среќа, Не се откажав“, изјави Бензема за „Марка“.

„Имав проблеми со Мурињо. Се сретнавме во хотелот ден пред натпреварот со Мајорка. Разговаравме и тој ми рече дека нема да ме стави во тимот. Се скаравме и му реков: „Стави ме во првиот тим утре, ќе дадам гол и ќе победиме“. Натпреварот заврши со резултат 1:0, јас го постигнав гол“, изјави Бензема.

Оваа сезона Бензема играше во фантастична форма. На 46 натпревари во кои настапи постигна 44 гола и забележа 15 асистенции. Сезонава го предводеше Реал до европската титула, а во интервјуто изјави дека има голема желба да го освои Светското првенство.

Scroll to Top