Top Sport

Бензема: Јас и Жиру? Како Ф1 и картинг

Откако се наоѓа во самоизолација Карим Бензема неколку пати преку социјалната мрежа „Инстаграм“ имал видео-конверзација со своите фанови.

Бензема во разговорот со францускиот инфлуенсер Мохамед Хени проговорил и за Оливие Жиру кој за разлика од него е стандарден во француската репрезентација.

„Одговорот на тоа прашање е лесен. Нема да правиме споредба помеѓу Формула 1 и картингот. Јас знам дека сум Формула 1“, рекол Бензема.

Потоа напаѓачот на Реал ја анализирал играта на Жиру во француската репрезентација.

„Изгледа дека делува што тој е таму. Не е спектакуларно и лудо. Според неговата игра нема да видитете дека Мбапе и Гризман одат да работат во рудник. Дали ви се допаѓа таа игра? Не знам..“, дополнил Бензема.

Селекторот на Франција Дидие Дешам го исфрли од националниот тим Карим Бензема поради аферата со Метју Валбуена.

Scroll to Top