Францускиот ас Карим Бензема и неговото наводно заминување од Реал Мадрид и преселба во Саудиска Арабија, го кренаа светот на нозе. Саудискиот клуб Ал-Итихад го мами со неверојатна понуда од 400 милиони евра за две сезони, а дојдоа информации дека тој веќе прифатил, иако има устмен договор со Флорентино Перез да остане уште една сезона во „кралскиот клуб“.
Сепак, Бензема во интервју за „Марка“ изјави дека тоа што се пишува на интернет е далеку од реалноста, а сега влијателниот шпански медиум тврди дека Французинот ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ и следната сезона.