Top Sport

Бензема ќе го продолжи договорот со Мадрид

Карим Бензема ќе остане фудбалер на Реал Мадрид барем до 2022 година, откако Французинот се согласил со клубот, тврди шпанскиот весник „Марка“.

Договорот официјално ќе биде потпишан во текот на летото и ќе претставува едногодишно продолжување со „кралскиот клуб“, а тој исто така ќе добие и значително повисока плата, откако неговата улога во тмот стана многу поважна по заминувањето на Кристијано Роналдо.

Бензема не сакал да се обврзува со подолги договори и би сакал да го продолжува договорот сезона по сезона. Тој наполни 32 години, а во јуни 2022 кога ќе му заврши договорот ќе има 34 години. Односите со клубот се на фантастично ниво, а негов посебен љубител е претседателот на клубот, Флорентино Перез.

Scroll to Top