Top Sport

Дејвид Мојс: Јас сум победник, со Вест хем на долги патеки

Дејвид Мојс се врати на позицијата менаџер на Вест хем јунајтед во понеделникот, ветувајќи дека е „роден победник“ и дека гледа долгорочна иднина со тимот од источен Лондон.

56-годишниот поранешен тренер на Манчестер јунајтед ги спаси „чеканите“ од испаѓање кога беше шест месеци на чело на клубот во 2017/18, и се враќа во позиција во која Вест хем повторно е само 17. и го очекува лута борба за опстанок.

„Овојпат ќе осигурам сопствениците да немаат избор и да ми го обноват веднаш договорот. Тоа е мојот план и сега фудбалерите ќе треба да го реализираат“, вели Мојс, откако потпиша 18-месечен договор со клаузула за продолжување.

„Чеканите“ се решија за Мојс откако го отпуштија Чилеанеот Мануел Пелегрини, кој беше на чело на клубот 18 месеци. Покрај Пелегрини замина и директорот за фудбал, Марио Хусилјос. Во тимот на Мојс пак, ќе бидат неговиот шкотски сонародник Алан Ирвајн и поранешниот дефанзивец на „чеканите“, Стјуарт Пирс. Неговиот прв меч ќе биде против Бурнемаут на Нова Година.

Иако многумина се сомневаат во неговите квалитети, поранешниот шеф на Евертон, Манчестер јунајтед и Сандерленд вели дека е „роден победник“.

„Мислам дека има само двајца-тројца менаџери со подобар скор во Премиер лигата. Тоа го правам јас, победувам. И доаѓам во Вест хем по победи за да се вратиме на вистинската половина од табелата“, вели самоуверено Мојс.

Scroll to Top