Top Sport

Бензема: Марсељезата е повик на војна и тоа не ми се допаѓа

Карим Бензема во својата кариера доживеал критики од сите страни – од навивачите на Реал Мадрид, од француските медиуми и колеги, така што вели дека е целосно навикнат на притисокот.

Во долго интервју за „Венити фер“, Бензема, кој има само пет гола во Ла лига оваа сезона, вели дека е лесно да се биде во дефанзива.

„Големите играчи секогаш се под критика, бидејќи така се продаваат весници. Ако имам лош натпревар, не морам да прочитам во весник да го знам тоа. Секогаш играм да помогнам на своите колеги и воопшто не ми е грижа“, вели Бензема.

Тој не добива повик за француската репрезентација од скандалот со наводната уцена со секс-лента на колегата Матју Валбуена, и вели дека му е благодарен на претседателот на Реал, Флорентино Перез за поддршката која ја добил.

„Кога поминав една вечер во затвор, бев многу разочаран и Флорентино ме чекаше во Валдебебас. Тој ми покажа дека е со мене и во лошо и во добро и затоа го сметам како дел од семејството“, додава Бензема.

Сепак, и покрај желбата за враќање во репрезентацијата, тој останува на своето околу одлуката пред мечевите да не ја пее француската химна.

„Ако ја послушате ’Марсељезата’ ќе забележите дека таа е повик за војна и мене тоа воопшто не ми се допаѓа“, објаснува Французинот.

Фото: ЕПА

Бензема уште е лут на Валбуена: Задржи си го ракувањето

Scroll to Top